Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави денешната одлука на претседателството на парламентот за датум на распуштање на тоа законодавно тело.

Харадинај изјави дека одлуката на собраниското претседателство за одржување расправа на 22 август за распуштање на тоа тело е „соодветна и согласно законите и Уставот“. Со одлуката, според Харадинај, трасиран е патот на изборниот процес „како единствена и неопходна опција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.