Рамуш Харадинај изјави дека ги сака САД но царините на производите од централна Србија нема да биде укинати, иако тоа од него повторно е побарано од администрацијата во Вашингтон.

Косовскиот премиер ова го изјави по состанокот во ресторан со косовскиот претседател Хашим Тачи и неколку заменици-министри, откако на приштинските власти им е упатено остро писмо во кое САД бараат да се укинат царините, пренесуваат косовските медиуми.

Како што пренесе Коха, Харадинај им се извини на претставниците на американските институции и ги замоли да „имаат разбирање“ за одлуката за царините.

Тој, исто така, рече дека би сакал целиот приштински „политички спектар“ да остане единствен во ставот царините да не се укинат се додека Белград да ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

Харадинај додаде дека писмото од американската администрација му го врачи американскиот амбасадор Филип Коснет, кому му кажал дека Приштина бара „сеопфатен договор со Белград“, бидејќи, како што вели е „уморна од замрзнатиот конфликт во кој живее во последните 20 години“, пренесува Газета експрес.

САД испратија остро писмо до приштинските лидери со барање да се укинат царините за Србија и Босна и Херцеговина и предупредија дека се додека тоа не го направат, односите со нив нема да бидат вратени на претходното ниво, а не се исклучува ни можноста за преиспитување на другите, а не само безбедносните облици на соработка со Приштина.

САД писмото го испратиле до Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весели, а го потпишале Метју Палмер, заменик-помошник на државниот секретар на САД, Лора Купер, заменик-помошник на секретарот за одбрана и Џон Ерат, управен директор за европските прашања во Советот за национална безбедност.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ задолжена за надворешна политика и безбедност, ја става на листата на „непријатели“ на Косово поради нејзината позиција во дијалогот со Белград.

„Успехот на Косово не е поврзан со динамиката на Могерини, ниту со агендата на дијалог… Никој не може да биде побескорисен за Косово од Могерини. Таа ја пренасочи дискусијата, бидејќи наместо да зборува за договор со Србија за признавање, таа зборуваше за територии и граници. Таа е непријател на мојата земја“, изјави Харадинај за албанскиот сајт Коха јоне.

Според него, отворањето на прашањето за територија и граници претставува „агресија“.

Харадинај додаде дека е задоволен од ставот на германската канцеларка Ангела Меркел и претставници на другите земји кои се противат на разговорите за границите, и дека ставот на Могерини, како што вели, ја уништија можноста Европската унија да овозможи постигнување договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.