Досегашниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај го призна поразот на вчерашните избори. Неговата партија , Алијансата за иднината, заедно Социјалдемократската партија освоија само 11 проценти од гласовите.

Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“-изјави Харадинај синоќа.

Според преброените гласови, ДвижењетоСамоопределување на Албин Курти освои 26 проценти од гласовите и тој најверојатно ќе го добие мандатот да формира влада.
Слаб резултат освои и партијата на претседателот Хашим Тачи кој освои 24 пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.