Производителот на автомобилски гуми од Јужна Кореја „Ханкок Тајр“ во вторникот соопшти дека го рестартирал производството во фабриката во Ракалмас, јужно од Будимпешта, со цел да може да продолжи со снабдувањето на своите партнери, објави „Хангари тудеј“.
Компанијата го прекина производството во фабриката помеѓу 30 март и 7 април поради појавата на коронавирусот и затворањето на повеќето производители на автомобили во Европа.
Компанијата соопшти дека ќе продолжи да ги снабдува своите вработени со маски за лице, да спроведува строги хигиенски практики, редовно да ги дезинфицира своите простории, да обезбеди дополнителни автобуски услуги за своите вработени и редовно да ги информира за состојбата со пандемијата.
Фабриката на „Ханкок Тајр“ во Унгарија вработува повеќе од 3.300 луѓе и произведува 19 милиони автомобилски гуми годишно.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.