Хакери го нападнале Пописот кој започна да се спроведува во соседна Бугарија, соопшти Советот на министри.
Во моментот се спроведува електронско попишување кое започна денеска, а попишувачите низ домовите ќе тргнат на 18 септември.
Како што наведе Советот на министри, се очекува нападот за кратко време да биде надминат.
Создадена е заштита на четири нивоа и не постои опасност од истекување податоци, соопштија од Советот на министри.
Шефот на Безбедносната служба во Бугарија, Сергеј Цветарски, пак, рече дека многу често ваквите хакерски напади не се злонамерни, туку едноставно некој има за цел да ги покаже своите хакерски способности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.