Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ објави на Твитер дека починал српскиот генерал Ратко Младиќ и во тоа се повикала на Обединетите нации.
Шефицата на дипломатија на БиХ се уште јавно не се огласила и оградила од овој твит.
Веднаш после неа веста ја објави и босански Аваз, за набрзо веста да биде демантирана од портпаролката на Хашкиот трибунал Хелена Еглестон.
Таа за Радио Сараево рекла дека во прашање е лажна вест.
Инфомарциите за смртта на Ратко Младиќ не се точни и ги демантираме – рекла таа.
Наводно зад Твитер профилот на Бисера Турковиќ стои италијанскиот новинар Томасо Дебенедети, кој лажниот профил го отворил вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.