Поранешниот премиер Никола Грувски, кој е во азил во Унгарија, во петокот присуствувал на бизнис забава во Будимпешта „Будимпешта бизнис забава“, приватна забава во организација на Италијанската стопанска комора во Унгарија – ИТЛ груп, на која 8 години по ред се остваруваат бизнис средби на менаџери, директори и спонзори и познати личности од јавниот и општествениот живот на Унгарија.
Претходно, во текот на денот тој остварил и средба со заменик-секретарот за инвестиции во унгарското МНР, Иштван Јо.
Во нашите медиуми веста беше пренесена како тајна средба на Груевски со човек од унгарското МНР. Сепак, како што и самите унгарски медиуми пренесуваат, средбата се одржала на јавно место среде бел ден, така што не може да се рече дека станува збор за тајна средба. За унгаските медиуми од министерството одговориле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.