Маж од Солун синоќа бил нападнат и претепан пред неговата сопруга и синот во Атина додека шетале во реонот на плоштадот „Егзархија“, јавуваат грчките медиуми.
Според изјавите на нападнатото лице во полицијата, до нив се доближиле неколку млади лица и почнале да го навредуваат заради маица со амблем Македонија. Според некои медиуми, маицата била со натпис „Македонски борци“, но не се прецизира дали амблемот или натписот имале врска со нашата држава Македонија или со грчката област.
При нападот, младите му ја скинале маицата на мажот и му нанеле удари. Тој почнал да вика за помош, но никој не се одзвал. Потоа напаѓачите избегале во блиските улици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.