Специјалниот советник на американскиот претседател, Ричард Гренел и делегација на американската Развојна финансиска корпорација (ДФЦ) пристигнаа во Белград на дводневна посета во чии рамки, со српските партнери ќе ги рагледаат проектите што треба да бидат финансирани од тој американски фонд, а се договорени при состанокот во Вашингтон на српскиот претседател Александар Вучиќ со својот американски колега, Доналд Трамп.

Гренел и претставниците на ДФЦ на белградскиот аеродром „Никола тесла“ беа пречекани од српската премиерка Ана Брнабиќ и американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри.

Гренел, задно со извршниот директор на ДФЦ, Адам Болер, утре ќе има средби со Брнабиќ и со претседателот Вучиќ, по што ќе има обраќање за медиумите.

Со доаѓањето на Гренел почнува конкретната реализација на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина , потпишан во Вашингтон на 4 септември.

Со тој договор се предвидува отворање на регионална канцеларија на ДФЦ во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.