Над 4.000 тестови за Ковид-19 биле направени на осум од 27-те грчки аеродроми што отворија вчера, заклучно со 20 часот синоќа, според информациите на грчката телевизија „Скај“, но веројатно ќе бидат повеќе со оглед на тоа дека специјалниот алгоритам согласно податоците на патниците предвидел дека треба да се направат над 5.600 тестови, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, на дел од аеродромите биле направени повеќе тестови од планираното, односно од она што било предвидено согласно доставените податоци преку специјалната платформа за туристите.
Па така, на атинскиот аеродром биле направени над 2.000 тестови, иако биле планирани 1.200, во Солун 400, на Крит 500, на островот Скиатос 66, наместо планираните 60 итн.
Во просек, околу 20 патници во секој лет не го имале пополнето образецот задолжителен за патување во Грција.
Грчките медиуми коментираат дека загриженост предизвикуваат податоците соопштени вчера во однос на позитивните случаи на Ковид-19 во земјата, со оглед на тоа дека од 23, десет се од „увезени“ од надвор, односно четири биле од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата), исто толку од летови од странство и два од лица кои во Грција влегле од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.