За Договорот од Преспа ќе се гласа утре во грчкиот Парламент. Седницата во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа започна со жестока дебата, a oпозицијата имаше голем број процедурални прашања, приговори и барања за одложување на седницата, но и најава за барање на гласање на доверба на премиерот Алексис Ципрас.
Претседателот на грчкиот парламент, Никос Буцис им порача дека доколку се случи нешто непредвидено, дискусијата наместо предвидените 28 може да трае и над 32 часа и дека одлуката е утревечер да биде гласањето.
Заменик министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос, кој го бранеше Договорот, рече дека со него Грција ја зајакнува својата дипломатска позиција во регионот. Тој им порача на пратениците дека нема никакви причини за страв и дека смешно е да се плашат од земја која е многу послаба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.