Грчката влада издаде нови, задолжителни насоки за хотелите ширум земјата во врска со можните случаи од Ковид-19.

Сега од сите хотели се бара да обезбедат „сигурни соби“, односно изолациски подрачја за потврдени случаи, во кои клиничката состојба на пациентот е таква да не му треба болничка нега.

Властите велат дека ова е привремено решение, кое наскоро ќе биде заменето со стварање мрежа од „карантински хотели“, а овозможува продолжување на обновата на грчкиот туризам.

Насоките предвидуваат дека за сите сместувачки капацитети до 10 соби, потребно е да имаат една карантинска, оние до 50 соби, треба да имаат две карантински, а тие со повеќе, 3 отсто од капацитетот.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, изјави дека продолжувањето на грчкиот туризам е сигурно негов најголем приоритет.

Денеска е направен важен чекор за да се обезбеди чувството на сигурност. Но, има уште да се работи. Секој ден сме се поблиску до целта, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.