Во понеделник се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојаното живеалиште, па така ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас рече дека во сите периферии каде што ќе биде дозволено патувањето постојат здравствени структури кои имаат капацитет да се справат со нови случаи на Ковид-19, доколку се појават.
Во однос на патувањето на островите, Хардаљас рече дека намерата на грчката Влада е тоа да се дозволи на 25 мај 2020 година, доколку работите одат непречено.
-Одлуката ќе биде финализирана и го потенцирам ова, кон средината на следната седмица согласно епидемиолошката состојба во земјата, но и на островите, објасни Хардаљас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.