Со заеднички план на локалниот митрополит и локалната самоуправа, грчкиот остров Антикитера нуди одлчини услови на семејства со над 3 деца кои ќе сакаат да се преселат таму. Островот на кој има само 24 постојани жители нуди куќа, парче земја и 500 евра месечно за семејствата кои ќе сакаат да се доселат таму, а како што јавуваат грчите медиуми, спремни се и да ги снабдуваат новодојденците и со храна.

Околината на Антикитера е прилично „дива“, а недопрената природа е она што го прави местото атрактивно и шармантно. Морето е кристално чисто и совршено за нуркање, а на плажите никогаш нема гужва.

Антикитера се наоѓа во близина на Крит до кој со траект се патува два часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.