Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговите соработници во куќа на пратеник на Нова демократија на островот Икарија ручаа за време на строги рестриктивни мерки во земјата.

Мицотакис вчера беше во посета на три острови, оствари средби со локалните власти и ги посети центрите за вакцинација, а додека беше на Икарија, пратеникот Христодулос Стефанадис организирал ручек на терасата од својата куќа во чест на премиерот. Според видеата објавени на социјалните мрежи биле собрани околу 30 лица, и покрај забраната за собири во домовите, а експресно и остро реагираа опозициските партии.

Од СИРИЗА и Движење на промена коментираат дека станува збор за провокативно однесување, за ароганција на Владата и за прекршување на мерките.

За целиот случај, со соопштение излезе и пратеникот од Нова демократија, Христодулос Стефанидис, во чиј дом се одржал ручекот. Вели дека по завршувањето на посетата и пред заминувањето на Мицотакис од островот, го поканил на непланиран и краток ручек, согласно мерките и протоколите, односно во надворешен дел, со употреба на маски и ограничен број луѓе на масите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.