Плажите во околината на Атина се полни со капачи, откако во Грција нема рестрикции и забрана за движење поради Ковид-19.

Високите температури и убавото време ги натераа Грците да ги напуштат домовите и да уживаат на плажа, каде не се почитуваше социјалната дистанца, иако таа се уште е една од препорачаните мерки поради пандемијата.

Плажата на грчкото езеро Вуљагмени, потоа плажите Кавури и Глифади се преплавени од млади луѓе и семејства со деца, а температурата викендов во Атина се очекува да достигне и до 35 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.