Грчката Влада ја поздравува рамката на упатствата и препораките за туризмот и транспортот што денеска ја презентираше Европската Комисија, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и истакнува дека Грција беше таа која “прва го постави прашањето за туризмот во европскиот јавен дијалог”, јави дописничата на МИА од Атина.

Пецас додава дека денешната рамка е постигната во соработка со други земји и со ЕК, но и ја почитува слободата за движење на луѓето, што е една од четирите основни слободи на ЕУ.

Грција, благодарение на нејзиното брзо и ефективно справување со пандемијата на коронавирусот е меѓу земјите со најниско ширење на вирусот на 100.000 жители и ова е уште еден фактор за привлекување туристи во нашата земја – вели Пецас.

Објаснува дека во следните денови ќе биде претставен комплетниот план на Владата за рестартирање на туризмот, „со главен критериум заштита на јавното здравје и поддршка на работните места”.

Но, да немаме илузии, летото оваа година нема да биде како ланското – додава портпаролот на грчката Влада во писмената изјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.