Грчкото министерство за здравство соопшти денеска дека музиката за Нова година ќе биде забранета во сите објекти.

Тоа е дел од новите мерки поради порастот на бројот на новозаразени со коронавирус откако се појави омикрон сојот.

Мерките кои требало да стапат на сила на 3 јануари ќе бидат применувани во четврток затоа што бројот на заразени помина 22.000, што е двојно повеќе од завчера.

Омикрон е сега доминантен сој меѓу новозаразените – рекол министерот за здравство Танос Плеврис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.