Околу 50 албански државјани биле вратени од граница и не добиле дозвола да влезат во грција порати фалсификувани негатовни тестови за Ковид-19.
Албанците, поголемиот број сезонски работници, со два автобуси дошле на граница и имале потврди за негативен тест, но брзите тестовите направени на граничниот премин покажале позитивни резултати.
Од петокот, на граничниот премин Какавиа, поставени се мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција и на сите кои влегуваат во земјата им се прават брзи тестови за Ковид-19, иако задолжителна е и потврда за претходно направен негативен ПЦР тест.
Според медиумите во Грција, станува збор за фалсификувани потврди со негативен резултат.
До 20 ноември, при влезот во Грција се правеа молекуларни ПЦР тестови, меѓутоа поради доцнењето на резултатите, не можеше веднаш да се провери дали потврдите со негативен резултат се точни и затоа сега веќе се воведени брзите тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.