Грција се надева дека повторно ќе ги пречека туристите во јули, но хотелиерите очекуваат мрачна сезона бидејќи се плашат дека пандемијата на коронавирусот нема да ги привлече посестителите и ќе ги остави плажите празни, пренесува „Ројтерс“.
Туризмот е голем извор на приходи за Грција. Минатата година земјата привлече 34 милиони посетители и собра приходи од 18 милијарди евра (19,52 милијарди долари), околу 10-12% од бруто домашниот производ. Во туристичкиот сектор се вработени околу 20% од вработените во земјата.
Туризмот се соочува со најголемата криза на нашата генерација – вели претседателот на хотелската асоцијација на Крф, Хараламбос Вулгарис, сопственик на две одморалишта на грчкиот остров на Јонското Море.
Долги делови на плажите, на кои се поставени чадори, остануваат празни на Крф, а хотелиерите како Вулгарис се прашуваат дали ќе се отворат во текот на летото.
Блокадата од 23 март за спречување на ширењето на новиот коронавирус, кој беше ефикасен во спречувањето на голем број жртви регистрирани во други европски земји, се очекува да има свое влијание. Сега Грција се обидува да го спаси остатокот од сезоната.
Сообраќајот на патниците е намален за 90% за фериботите, покажуваат податоците на Асоцијацијата на бизниси поврзани со патничко пловење со бродови. Домашните и меѓународните летови забележаа пад од 59% во март, според податоците на Цивилното воздухопловство.
Ќе имаме многу низок број на вработени. Не знаеме колку хотели ќе се отворат, кога ќе се отворат, па сега сме на работ на многу тешко време – вели Вулгарис.
Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис рече дека неговиот план е повторно туристите да пристигнат во земјата во јули. Владата постепено ќе ја олесни блокадата на 4 мај, а хотелите кои работат во текот на целата година ќе можат да отворат на 1 јуни.
Мислам дека е прашање од милион долари. Наша цел е да ја отвориме нашата земја во одреден момент во јули – изјави Теохарис за „Ројтерс“.
Оваа сезона нема да биде како претходните години, морам да бидам луд за да очекувам исто. Но, можеме да направиме многу за да ја отвориме туристичката економија – додаде тој.
Во Грција се регистрирани 2.566 лица заболени со ковид-19, а 138 се починати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.