Поради порастот на бројот на случаи на заразени со корона вирусот, Германија ја стави Грција на црвената листа.

Германија ја идентификуваше цела Грција како ризична земја што се однесува на епидемијата на корона вирус, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), што значи дека сите туристи од Грција, како и германските државјани кои се враќаат од таа земја, ќе мора да имаат негативен тест за да избегнат карантин.

Грција вчера потврди 2.794 нови лица заразени со корона вирусот.

Драстичниот скок на бројот на новозаболени лица во Грција ги принуди властите на таа земја да воведат нови мерки од со цел да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.