Делта сојот се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) Панајотис Аркуманеас. Откриени во Атина 11 случаи на делта, а видот е присутен и на Крит и Коринт.
Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта, и денес очекуваме да слушнеме за повеќе случаи. Оние кои не биле вакцинирани се изложени на ризик – рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на корона вирус е заразен за „50 до 60 проценти“, објави „Катимерини“.
Грција денеска ќе одржи итен самит за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делтата, и се очекува да присуствуваат голем број важни здравствени лидери, како и член на кабинетот на премиерот, Акис Скеркос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.