Грција се подготвува за екстремен топлотен бран со температури кои треба да се искачат до 44 степени целзиусови во наредните денови, пренесуваат агенциите.
Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита вакво предупредување издадоа денеска, а според најавите топлиот бран се очекува да трае до 8 август, невообичаено долг период, велат надлежните служби.
Од утре натаму се очекува температурата во текот на ноќта да биде над 30 степени, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината, велат експертите.
Тамошните медиуми потсетуваат дека во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран, кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Тогаш посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.