Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја потврди подготвеноста на својата земја да го активира дигиталниот ковид-сертификат на Европската Унија уште пред 1 јули.

Вирусот ја забрза дигиталната трансформација на земјата. Дигиталниот сертификат го олеснува патувањето, што е особено важно за нашата земја во средиштето на туристичката сезона – рече денеска Мицотакис на презентацијата на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, пренесува АНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.