Грција е под вода откако ја зафати силно невреме. Противпожарната служба, само во областа Атика имала повеќе од 200 повици за помош.

Дождот и невремето „Балос“ што ја зафати Грција, предизвика проблеми, а жителите на Атина, со порака од бројот 112 за итни случаи беа предупредени да избегнуваат непотребни движења, а неколку централни булевари и дел од училиште беа поплавени, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците од основно училиште во атинска населба, се евакуирани од поплавена барака, откако наставниците со клупите, направиле мост преку кој децата стигнале до централната зграда на училиштето. Во областа Атика, поширокиот дел на Атина, попладнево сите училишта во овој регион се затворени, и во зависност од временските услови утре ќе се одлучи дали ќе работат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.