Претставници на Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција, почнаа со теренска регистрација на штетите предизвикани од пожарот во пет општини во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во пожарот е предизвикана материјална штета на домови и објекти, а процените се дека изгорела површина од околу 8.000 хектари.

Од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција соопштија дека целта е регистрацијата на штетите да заврши колку е можно поскоро за да може веднаш да почне процесот на обесштетување на погодените граѓани од пожарот.

Заменик-министерот под премиерот Акис Скерцос преку неговиот „Фејсбук“ профил потсети дека сите оние кои биле принудени да се евакуираат и да ги напуштат нивните домови може да се јават на специјален број за да добијат насоки за привремено сместување во хотелите обезбедени од државата.

Додаде дека над 1.500 граѓани веќе добиле привремено сместување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.