Од денеска во Грција е дозволено одржување на настани на отворено, како што се театарски претстави, концерти, манифестации и сл, но под строги правила и протоколи.
Ваквата одлука доаѓа како дел од постепеното олабавување на мерките за справување со епидемијата на корона вирусот.
Овие манифестации, како и летните кина на отворено, ќе работат со 50 отсто од капацитетот при што ќе биде забрането стоење на посетителите.
Билетите мора да бидат нумерирани, а меѓу двајца посетители мора да има по едно празно седиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.