Поради брзото ширење на сојот омикрон, грчката влада одлучи порано да ги воведе новите коронамерки, што оригинално требаше да стапат на сила на 3 јануари. Министерот за здравство Танос Плеврис кажа дека новите рестрикции почнуваат да важат утре во шест часот.
Според нив, сите места кои служат алкохол ќе работат до полноќ, а музиката ќе биде забранета. Исклучок ќе биде новогодишната ноќ, кога локалите ќе работат до два часот. Заштитна маска постојано ќе мора да се носи во јавност.
„Најголем дел од новите случаи на зараза се омикрон“, изјави Плеврис.
Во Грција вчера беа регистрирани над 21.600 нови случаи на коронавирус, а денеска се очекува да бидат околу 30.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.