Грција од 4 мај ќе почне да ги олеснува рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, најави премиерот Кирјакос Мицотакис.

Прво ќе бидат отворени продавниците, фризерски и козметички салони.

Отворањето на берберници и фризерски салони се сфаќа како неопходен психолошки поттик откако земјата помина во карантин речиси два месеца. На луѓето не може само да им се наредува, на нив им треба и психолошка поддршка“, изјавија од владата.

Во земјата досега има 2.490 потврдени случаи на корона вирус, од кои 130 се починати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.