Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу.
Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа – изјави Захараки за грчката телевизија „Скај“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Андониу, преку соопштението најави дека од 1 јули 24 часа ќе работат копнените премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.
Според Андониу, Ексохи кон Бугарија, од утре ќе работи 24 часа, а Мавромати кон Албанија до 7 јули ќе функционира под актуелните правила односно од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица.
Сепак, за начинот на кој ќе функционираат граничните премини и за да може да се примени оваа одлука, потребно е, како што беше случај и кога се отворија границите на 14 мај, соодветната министерска одлука треба да биде објавена во Службен весник на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.