Грчката национална комисија за вакцинација, по одржаниот состанок за несаканите дејства по примањето на вакцината на „АстраЗенека“ оцени дека процесот на имунизација во земјата со вакцината на британско-шведската компанија треба да продолжи регуларно, согласно објавениот план.
Од Комисијата соопштуваат дека од надлежните органи од Европската организација за лекови (ЕМА) досега не добиле доказ дека вакцинацијата е директоно поврзана со случаите на тромбоза.
Од Комисијата за вакцинација додаваат дека во соработка со Грчката организација за лекови, „им даваат апсолутен приоритет на прашањата поврзани со безбедноста на вакцините“ и континуирано ги следат и оценуваат сите наводи за можни несакани дејства од вакцините, „со цел да се заштити здравјето на граѓаните”.
Вакцината на „АстраЗенека“, првично во Грција беше наменета за лицата до 65 годишна возраст, а минатата недела Комисијата ја промени таа одлука и даде зелено светло, да се користи за целото население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.