Вакцинација и на децата од пет до 11 години, по еден бесплатен селф тест за сите граѓани, пред и по празниците; издавање потврда за прележан Ковид-19 само по направени ПЦР тест, се дел од новите мерки во Грција што денеска ги соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Рече дека комисијата за вакцинација, дала зелено светло за почеток на вакцинација против Ковид-19 на децата од пет до 11 години, а платформата за закажување термин ќе се отвори штом пристигнат вакцините, бидејќи се различни од оние за возрасните, односно различно е дозирањето.

До комисијата е доставено е и прашањето на Владата за кратење на периодот од шест месеци за бустер дозата и третата доза да се дава по четири месеци. Нешто за што се разговара, рече Плевирс.

За бустер доза, генералниот секретар во Министерството за здравство Мариос Темистоклеус рече дека во следните денови ќе биде соопштена одлуката на комисијата, а доколку е позитивна и се намали од шест на четири месеци периодот меѓу втората и третата доза, оперативно се подготвени и имаат капацитет, сите оние што завршиле со вакцинацијата до крајот на август да се вакцинираат во јануари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.