Mинистерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, соопшти дека на крајот од декември Грција ќе го добие првиот дел од 700.000 дози од вакцината за корона вирусот, а во рамки на договорот на Европската комисија, на земјата постепено ќе и бидат испорачани околу три милиони дози.
Кикиљас објасни дека пред неколку дена претседателката на Европската комисија, преку Твитер го соопштила договорот со „Астра Зенека“ за 400 милиони дози на вакцината од Кембриџ која е веќе во третата фаза, а се очекува во ноември да заврши и четвртата фаза и да добие лиценца.
Ако сè биде во ред, Грција, првиот дел од дозите, ќе го има на крајот од годината. И ќе добие на крајот на декември, на крајот на јануари, во февруари, март, април, мај и јуни. Во седум постепени испораки ќе го добие соодветниот дел од вакцината, за која што веќе се договори Европската комисија. Ќе почнеме со околу 700.000 дози во декември, со вакцинирање на ранливите групи, а потоа и на целото население – изјави министерот за здравство на Грција, објаснувајќи дека вкупната количина што ќе ја добие Грција е околу три милиони дози од конкретната вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.