Грција денеска им нареди на лекарите од приватниот сектор во пет региони на северот од земјата да му помогнат на нејзиниот здравствен систем бидејќи се бори со пораст на заразени лица со коронавирус.
Претходно овој месец владата ги повика лекарите од приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките државни болници и единиците за интензивна нега се преплавени со зголемен број заразени во последните недели.
Грција објави 6.682 новозаразени со коронавирус и 87 смртни случаи во средата, со што вкупниот број заразени се искачи на 853.841 од почетокот на пандемијата минатата година, додека 17.012 лица починаа.
Претходно во ноември владата воведе рестрикции за невакцинираните граѓани во обид да го спречи ширењето на заразата.
Околу 61,8 отсто од популацијата од околу 11 милиони е целосно вакцинирана, а властите се надеваа на стапка од околу 70 отсто до есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.