Грција и САД, во Вашингтон ќе го одржат третиот круг од стратешкиот дијалог меѓу двете земји, а ќе го потпишат и вториот изменет протокол на Договорот за меѓусебна одбранбена соработка.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас ќе се сретне со државниот секретар на САД, Антони Блинкен, при што ќе го означат почетокот на стратешкиот дијалог, а потоа ќе го потпишат договорот.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на брифинг со новинарите во понеделникот соопшти дека договорот што ќе се потпише во САД е особено важен и „дополнително го надградува грчкиот геостратешки и геополитички отпечаток“.
Станува збор за е исклучително важен Договор, кој го зајакнува стратешкиот, но и воениот отпечаток на САД во нашата земја – изјави Иконому и додаде дека Договорот е уште еден успех на грчката Влада.
Шефот на грчката дипломатија од вчера е во САД, а планирано е да оствари одвоени средби и со министрите за надворешни работи на Израел и Обединетите Арапски Емирати кои исто така ќе бидат во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.