Грција го продолжи карантинот за патниците кои доаѓаат од Велика Британија од седум на десет дена.

Иако вчера беше најавен седумдневен карантин, од денеска во сила е нова одлука според која, согласно Службата за цивилно воздухопловство на Грција, сите оние кои во земјата ќе пристигнат од Велика Британија потребно е да бидат десет дена во карантин. Услов за завршување на изолацијата е да имаат негативен ПЦР тест на десеттиот ден.

Освен карантинот за патниците од Велика Британија, за сите патници во Грција за влез во земјата е задолжителен негативен ПЦР тест, а по пристигнувањето се вршат и брзи тестови.

Во Грција, од петокот на сила е и одлуката за сите оние кои пристигнуваат за новогодишните и божиќните празници, освен негативните тестовите, задолжително да бидат во тридневен домашен карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.