Грција денес ги повика стотиците мигранти и бегалци кои се собраа на полето во близина на северната грчка граница да се вратат во своите кампови. Во спротивно им се закануваат санкции.
Помали групи луѓе, вклучувајќи и деца, вчера пристигнаа на поле во близина на мигрантскиот камп Диавата.
До утринските часови на полето веќе биле поставени повеќе од 100 шатори, а причината за тоа е објавата на социјалните мрежи на почетокот на април организирано да се помине грчката северозападна копнена граница со Албанија.
Ги повикувам сите овие луѓе да се вратат во прифатните центри“, рече грчкиот министер за миграција Димитрис Вицас за грчката телевизија ЕРТ.
Лага е дека границата ќе се отвори“, додаде тој. „Во меѓународните договори постојат обврски, но постојат и санкции“, пренесе Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.