Националната комисија за јавно здравје на Грција го прифатила предлогот на надлежното министерство за спорт за зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари во земјата, па така стадионите и спортските сали ќе бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот.
Новите правила ќе стапат во сила во понеделник, а според најавите, исполнетоста ќе се зголеми од 80 на 90 отсто, односно до 40.000 гледачи наместо 25.000 колку што беше досега, за стадионите и на 12.000 гледачи за затворените сали.
Овие правила ќе важат доколку постои можност за онлајн издавање билети, а доколку не постои ваква можност, стадионите ќе бидат исполнети со 70 проценти од капацитетот и најмногу 15.000 гледачи, а затворените сали со најмногу 4.000 гледачи.
На спортските натпревари во Грција, дозволен е влез само за вакцинирани или за лица кои прележале Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.