Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, реагираше, по вестите во турските медиуми и објавеното видео дека наводно во инцидентите на Еврос грчките полицајци, убиле бегалец од Сирија, коментирајќи дека станува збор за лажна вест и лажна турска пропаганда, јави дописничката на МИА од Атина.
Видеото што покажува смрт на грчко – турската граница е лажна вест. Ги повикуваме сите да бидат внимателни кога пренесуваат вести што ја помагаат турската пропаганда. #fakenews #fakeTurkishPropaganda – напиша Пецас на „Твитер“.
Дел од турските медиуми, пишуваат дека бегалец од Сирија, објавувајќи го и неговото име, бил застрелан во пределот на вратот од грчки војници и им подлегнал да повредите.
Според медиумите во Грција, веста за убиството била објавена и од Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.