Канадерите и во средата утрото ги гаснат големите пожари на грчкиот остров Евија, многу села се евакуирани, а властите побараа помош од партнерите во Европската унија.
Прогласена е вонрдна состојба во регионите со густи шуми на островот источно од Атина откако во вторникот на тоа подрачје избувна пожар, засилен од силните ветрови и високите температури.
Италија испратила два канадера по грчкиот повик за помош. Властите наведуваат дека ситуацијата во средата утрото се подобрила по гаснењето во текот на целата ноќ.
Се чини дека ситуацијата се подобрува, вложен е огромен, натчовечки напор. Тешко е да се борите со пожарот, но нема опасност по човечките животи и тоа е најважно“, изјави регионалниот гувернер на покраината центтрална Грција, Костас Бакојани за телевизијата Скај.
Во вторникот од претпазливост властите евакуирааа четири села со стотици луѓе, наведе противпожарната служба. Премиерот Киријакос Мицотакис се врати од годишниот одмор од Крит во Атина каде што бил известен за ситуацијата.
Грчката јавна телевизија објави снимки на густ темен чад кој се шири низ боровите шуми поради силнитрови. Делови од Евиа се дел од еколошката мрежа заштитени подрачја на Европаската унија Натура 2000.
Пожарите се чести во Грција во текот на летниот период. Властите предупредуваат на високиот ризик од пожари оваа седмица. Во јули минатата година во пожарот во крајбрежниот град Мати близу Атина загинаа 102 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.