Можноста Русија да испрати во Грција дополнителни воздушни средства за справување со пожарите била разгледана за време на одвоените телефонски разговори што ги имаале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас со нивните руски колеги Михаил Мишустин и Сергеј Лавров.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Мицотакис му се заблагодарил на Мишустин за рускиот авион Бериев Бе-200 кој учествува во гаснењето на пожарите во Грција и разговарале за можноста за дополнителна помош.
Премиерот на Русија, освен што изразил поддршка за Грција во името на рускиот претседател, ја повторил и поканата, Мицотакис да ја посети Русија, која грчкиот премиер ја прифатил и се очекува посетата да се оствари пред крајот на годинава.
Билатералните посети на есен, продлабочувањеto на билатералните односи, како и руската помош во справувањето со пожарите, биле темите на кои се фокусирале шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во телефонски разговор.
Дендиас, како што напиша на „Твитер“, побарал од Лавров да се разгледа можноста за испраќање уште еден руски Бериев Бе-200.
Дополнително, министерот за надворешни работи на Грција денеска телефонски разговарал и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, којм како што напиша Дендиас на „Твитер“, го информирал дека ќе испратат во Грција два противпожарни авиони со оглед на тоа дека пожарите во Турција се под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.