Половина од наградата што грчките ватерполисти ќе ја добијат од грчкиот бизнисмен и претседател на ФК Олимпијакос, Вангелис Маринакис, за освоеното второ место на Олимпијадата во Токио, ќе биде донирана за погодените од пожарите во Грција.

По освоеното сребро на Олимписките игри, од Олимпијакос соопштија дека клубот ќе ги награди ватерполистите со 200.000 евра за „огромниот успех, гордоста и радоста и што му ја донеле на народот во овие мрачни денови“.

По таквата најава, капитенот на ватерполо репрезентацијата Јанис Фундулис, изјавил дека „со чувство на одговорност и земајќи ги предвид тешките моменти низ кои поминува земјата“, сметаат оти е нивна должност, како репрезентација, на свој начин да помогнат, донирајќи половина од износот за погодените од пожарот.

Во финалето на Олимписките игри Грција загуби од Србија со 13-10 со што го освои сребрениот медал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.