Грчките пожарникари, кои и натаму се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, соопштија дека се надеваат оти огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови.
Повеќе од 500 пожарникари, со поддршка на хеликоптери и авиони, работат на гаснење на пожарот утрово, а густ чад стигна и до централните делови на Атина.
Ситуацијата е подобра и се надеваме дека пожарот ќе биде ставен под контрола во наредните часови – соопштија од противпожарната служба.
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, утрово го посети селото Варибоби, 30 километри северозападно од Атина, каде што има најголема штета од шумските пожари.
Десетина куќи изгореа, а бројни објекти претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.
Температурите во Атина и другите делови на Грција во последните денови достигнаа 42 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.