Само на грчкиот остров Лезбос во текот на викендот, заклучно со утрово, пристигнале 455 бегалци и мигранти, од кои половина, односно 227 биле регистрирани од полноќ до 9,30 часот денеска, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на Дирекцијата на грчката полиција надлежна за северниот дел на Егејското Море.
Според официјалните податоци од грчката Влада за вчера и завчера, на островите во близина на Турција пристигнале 622 лица и доколку на оваа бројка се додадат и денешните 227, вкупниот број е 849 бегалци и мигранти, jави дописничката на МИА од Атина.
Особено е голем бројот на лица кои на Лезбос, Хиос, Самос и останатите острови, пристигнале во саботата – 571 бегалец и мигрант, а вчера имало значително намалување – само 51 лице.
Од почетокот на месецов, заклучно со вчера, односно во првите осум дена од септември, според официјалните податоци од грчката Влада за ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Море, пристигнале 2.474 бегалци и мигранти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.