„Германско „да” за Скопје и Тирана”; „Албанија и Македонија добија зелено светло од германскиот Парламент”; „Германците велат „да” за почеток на интеграција во ЕУ на Македонија и Албанија”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на синоќешното гласање во Будестагот за отпочнување пристапни преговори со ЕУ за Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат опширниот текст на грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Зелено светло од Бундестагот за почеток на пристапни преговори со Албанија и Македонија”.

Зелено светло на германската влада да се согласи со почеток на пристапни преговори на Европската унија со Албанија и Македонија, со широко мнозинство, даде доцна вечерта во четвртокот федералниот Парламент, гласајќи за заедничкиот предлог доставен од пратеничките групи на владината коалиција. И во двата случаја беше потенцирано дека не станува збор за интеграција на земјите, туку за почеток на долг процес, кој веројатно ќе доведе до интеграција, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.

Во продолжение детално се пренесени ставовите на германските партии за време на расправата, како и резултатот од гласањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.