„Потпишан протоколот за пристап на ПЈРМ во НАТО”, „Земјите членки на атлантската алијанса го потпишаа протоколот за пристап на ПЈРМ”, „Скопје во НАТО: Во Брисел потпишан протоколот за пристапување”, „Членките на НАТО го потпишаа протоколот за пристап на Македонија во Алијансата”, „Македонија: НАТО го потпиша протоколот за нејзин пристап”, „Историски момент за ПЈРМ: Потпишан протоколот за членство на Скопје во НАТО”, се дел од насловите во грчките медиуми за потпишаниот протокол во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Поголемиот дел од медиумите во Грција, технички, без анализи и коментари го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција. АНА-МПА, во посебен текст под наслов „Столтенберг: Импресиониран сум од храброста и посветеноста на Ципрас и Заев”, ги пренесува изјавите на генералниот секретар на НАТО и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Како „историски ден” го карактеризираше денешното потпишување на протоколот за прием на ПЈРМ во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на прес-конференцијата заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во седиштето на НАТО во Брисел, пишува АНА-МПА на почетокот на текстот.
Веста за потпишаниот протокол беше дел и од пладневните изданија на вестите на грчките телевизии.
Дел од медиумите во Грција, во нивните текстови веќе го користат името Македонија, други привремената референца ПЈРМ.
Дописничката од Брисел на грчката телевизијата Скај, за време на целиот нејзин извештај го користеше името Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.