Предвремените парламентарни избори кај нас, грчките медиуми, директно ги поврзуваат со иднината на Договорот од Преспа и пренесуваат „загриженост на Атина, за случувањата во Скопје“.

„Избори во Македонија: „Сите сценарија за следниот ден“,„Облаци над Договорот од Преспа“, „Предвремени избори во Скопје: што важи за Договорот од Преспа и грчката загриженост“, „Македонија: Што ќе се случи со Договорот од Преспа?“, „Македонија во предизборна треска“, „Во опасност Договорот од Преспа по ветото од на Макрон и ставот на ЕУ“, „Македонија: На 12 април предвремени избори“, се дел од насловите во грчките медиуми за последните случувања кај нас, а новинарите во Грција известуваат за синоќешната лидерска средба и објавениот датум за предвремени парламентарни избори, со акцентот ставен на сценаријата за иднината на Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Иако грчката влада официјално не зазема позиција и не ги коментира внатрешно политичките случувања во соседната земја, како што изјави и самиот Мицотакис на прес конференцијата во Брисел во петокот, кога рече дека тоа е внатрешно прашање, сепак новинарите во Грција анализираат дека кај Атина постои загриженост за разврската кај нас и пишуваат за тоа какво влијание врз земјата би имале предвремените избори во Македонија.

Мнозинството од коментарите на новинарите во Грција се поврзани со сценариото на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ и ставот што партијата го има во однос на Договорот од Преспа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.