Во десетици центри за вакцинација низ Грција се вршат масовна лажна вакцинација, јавуваат локалните медиуми. Оние кои сакаат да добијат ковид-пропусница, но да не примаат вакцина, поткупуваат лекари и медицински сестри, да им вбризгуваат вода.

Тој поткуп изнесува 400 евра, пишува „Keep Talking Greece“.

Таа цена ја плаќаат оние кои не сакаат да примаат вакцини против ковид-19, туку сакаат да добијат пристап до различни места или едноставно да избегнат да се подложат на брзи тестови двапати неделно.

Но, тогаш се случи една урнебесна работа: некои лекари ставија мито во џебот, но ја дадоа вистинската вакцина, а не „вода“, за да не западнат во неволја, се вели во извештајот на Мега ТВ.

Измамените антиваксери би можеле да ги имаат вообичаените несакани ефекти од вакцината, да отидат на лекар на преглед и да дознаат дека навистина биле имунизирани.

Има и позитивна и негативна страна. Позитивната страна е што тоа би значело дека сега имаат антитела против коронавирусот.

Негативната страна е што биле подложени на медицински третман без нивна согласност.

Дали можат да ги тужат лекарите? Да, ако признаат дека понудиле мито за да добијат лажен сертификат за вакцинација.

Затоа, таквата правна постапка е малку веројатна.

Според пишувањето на весникот Товима, околу 100 до 200 центри за вакцинација од вкупно 2.000 и околу 200-300 лекари и медицински сестри биле вклучени во такви лажни вакцини и/или обиди за промена на податоците за вакцинација.

Се проценува дека над 100.000 граѓани добиле лажни потврди за вакцинација со незаконски методи. Грчката полиција наводно отфрлила дел од извештајот до Товима, без да прецизира детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.