Фотографии од грчки владини функционери како пушат на прес конференции и јавни настани, ја шокираа меѓународната јавност. Грчките медиуми објавија фотографија од заменик министерот за здравство, Павлос Полакис, кој во тек на прес конференција посветена на здравјето, пуши.

Фотографијата која е објавена е од 2016 година.

Оваа недела се емитуваа и видео снимки покажувајќи го Полакис, кој исто така е и хирург, како држејќи цигара, танцува во еден клуб.

Тоа е срамно! Срамно е! Овој човек не знае ништо за здравјето. Дали некој пуши или не е прашање на слободна волја. Кога се случува во јавен простор, тоа е прекршување на човековите права, бидејќи оние околу него имаат право да дишат чист воздух. Денес го посетив грчкото Министерство за здравство и мирисаше на цигари, рече за „Катимерини“ комесарот за здравство на ЕУ, Андриукаитис.

Грција, која има највисока стапка на пушачи во ЕУ, забранува пушење во сите затворени места, како што се болниците, училиштата, аеродромите и автобуските станици, а од рестораните и баровите бара да се определат места за пушење и непушачи.

Заменик-министерот за транспорт, Христос Спиртис, исто така беше сликан како пуши на панел дискусија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.