Грчкиот Државен совет ја отфрли жалбата на група локални и странски „македонски здруженија“, кои повикаа на поништување на Преспанскиот договор за името меѓу Република Грција и Република Македонија.

Највисокиот административен суд во Грција рекол дека договорот не може да биде предмет на судска ревизија, бидејќи се однесува на надворешната политика, пренесе Катимерини.
Државниот совет на Грција соопшти дека Договорот, заедно со писмото потпишано од поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, „сами по себе претставуваат акти на политичко раководење во областа на надворешната политика и се директно поврзани со раководењето на меѓународните односи на земјата“.

Затоа, „тие се однесуваат на владата и не подлежат на поништување од Државниот совет“, се вели во одлуката на грчкиот Државен совет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.